Влада на конкурс бара нешто што не се барало ниту во најцрните диктатури.
Според конкурсот објавен од владата кој го анализира пратеникот Антонио Милошоски владата бара кандидатите за државен правобранител за регионот на Струга да донесат докази дека уживаат углед за вршење на функција.
Освен како морална категорија ваков документ не се издава ниту се барал никогаш во демократски општества.
Милошоски се шегува прашувајќи дали овој документ треба да биде издаден во седиштето на ДУИ или во Трговскиот центар Соравија кој за без пари го доби внукот на Али Ахмети, Дрин.

,, Владата на ДУИ&Таче изгуби компас. Прв пат во Македонија се објавува оглас за државен правобранител каде се бара ,,Доказ дека кандидатот ужива углед!?
Но, веројатно ненамерен владин пропуст е што не е наведено дали шалтерот за овој “уникатен” документ е во Мала Речица или во Соравија?!”, пишува Милошоски за скандалозниот конкурс на владата.





