Пожарот што избувна утрово во Кинескиот трговски центар почна да се шири, а според последните информации пристигнале и хеликоптери кои го згаснале пожарот, но се слушнале и нови експлозии.
Началникот на Секторот за вонредни ситуации на МВР, Лука Чаушиќ за ТВ Прва изјави дека пожарот бил пријавен во 6 часот и 57 минути и дека екипите пристигнале за само неколку минути, но пожарот веќе избувнал.
Според него, постои страв од експлозија на плински боци, но и од ширење на пожарот поради големо количество гориво.
„Се надевам дека нема да има човечки жртви, се слушаат експлозии, се обидуваме да ги убедиме луѓето да не влегуваат за да си го спасат имотот, ситуацијата е сложена“, изјави началникот на итната помош Лука Чаушиќ.
Novi snimci iz Bloka 70 pic.twitter.com/y68PQ0RD4T
— B92 (@b92vesti) January 24, 2024





