Тунтев: Некој ги кршел правилата и процедурите во М-НАВ

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Тунтев вели дека инспекцијата покажала дека во М-НАВ не се почитувале процедурите.



– Тоа довело до неовластено или незаконско влегување на лица во службени простории, но не во оперативната сала каде се остварува комуникација помеѓу авионите и контролорите. И поаради низа други пропусти кои веројатно се толерирале подолг период во самиот објект, како на пример да не се држи затворена одредена врата што требало да им биде затворена за да им биде покомотно. Еден сплет на околности кои довеле до повреда на безбедносните процедури од аспект на физичко обезбедување на објектот – вели Тунтев.

сака да влезе во тие објекти ќе си помине на службен влез преку обезбедувањето на аеродромскиот оператор. Не верувам дека ќе дојде до тоа – истакнува директорот на АЦВ.

Тој посочува дека досега М-НАВ секогаш ги прифаќале нивните сугестии, а мерките кои се од задолжителен карактер мора да ги извршат бидејќи, како што истакнува, има и прекршочни платни налози затоа што на утврдена конкретна одговорност изрекле и санкции кон фирма и лица.

Директорот на АЦВ посочува дека е жално е што службата за обезбедување во М-НАВ имала трансформација и е ангажиран аутсорсинг, кој вели дека е по пропис.