Арсовска ги излажа вработените во ЈСП, и денес нема плата

Данела Арсовска, вчера попладне им вети на вработените во ЈСП, дека годинава нема веќе да се грижат за плата и парите денес ќе им „легнат” на сметка.
Но, според информациите до кои дошле од Плусинфо од вработените во ова јавно претпријатие, денеска и по 15:30 часот пари на нивните сметки немало.
Засега нема точна информација зошто доцни платата на вработените во ЈСП Скопје и не е познато дали тие ќе ја добијат во текот утрешниот ден.



Во договорот меѓу директорот на ЈСП Крсте Петревски и двајцата претставници на синдикатите, Миќо Стојановски и Африм Муча, вчера беше одлучено автобусите на ЈСП да се вратат во сообраќај од 17 часот, а веќе од денеска тие нормално да сообраќаат од 4:45 часот, при што им беше гарантирано дека плата ќе има во текот на денешниот ден.

Извор: https://plusinfo.mk/danela-gi-izlazha-vrabotenite-vo-sp-platite-deneska-ne-legnaa-na-nivnite-smetki/