Пет книги во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2023 година. Станува збор за насловите:
1. „Писма од лудница“, Срѓан Ивановиќ, „Арс Либрис“
2. „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс
Либрис“
3. „Мртва коска“, Димче Парталоски, „Арс Либрис“
4. „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“, Мимоза
Ристова, „Арс Либрис“
5. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
Лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2022 година беше „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ на Влада Урошевиќ, која е во издание на „Арс либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Наградата годинава ќе се додели по јубилеен 25-ти пат.
Жири-комисијата за доделување на наградата Роман на годината за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, информира дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи. Жири-комисијата, во состав Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека во годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело нема да биде воопшто лесен.
Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Книгите се достапни во поголемите книжарници и онлајн преку https://www.literatura.mk/knigi/ars-lamina





