Скандал во мисијата на Македонија во ОН, за туризам – дипломатија плаќаме милиони долари (ВИДЕО)

Скандал во мисијата на Македонија во ОН открива во емисијата ,,Заспиј ако можеш” дипломатката Викторија Трајков која ја информира јавноста дека дипломатите кои се на мисија таму а се платени од Македонија воопшто не одат на работа.



Според Трајков работата на мисијата на Македонија во седиштето на Обединетите нации се врши од Скопје наместо од дипломатите кои живеат во Њујорк.

Меѓу тие дипломати е и амбасадорот Љубомир Фрчкоски кој претходно беше одбиен од САД за амбасадор во Вашингтон.

Досега никој во владата или во МНР не ја демантира Трајков.

,,Лица како амбасадорот Фрчкоски мора да останат во темното минатото на Македонија! Не смее да се дозволи веќе вакво нефункционирање на амбасадите, мисиите и конзулатите особено во стратешки места како што се Соединетите Американски Држави!
“Туризам- дипломатија” е недозволива”, смета Трајков која јавно зборува за аномалиите во МНР и за грешките на министерот Бујар Османи.