Руски воен авион Су-25 беше урнат денеска од исламистичките екстремисти во сириската провинција Идлиб, а пилотот загина – потврди руското Миистерство за одбрана.
Според првичните информации авионот бил погоден со подвижен ракетен комплекс земја-воздух од американско производство. Групата коај ја презеде одговорноста за соборувањето на руското летало, Џаиш Ал-Наср во минатото редовно беше снабдувано со оружје од страна на Американската армија.
Оваа исламистичка организација на социјалните мрежи се пофали со погодувањето на рускиот авион, прво во двеиполгодишната руска интервенција во Сирија, а припадници на групата објавија и видео од загинатиот руски пилот.
Видеото на следниов линк
Според руските медиуми, пилотот се катапултирал но потоа загинал во текот на престрелката со терористите. Се прават напори преку турските релации со екстремистите да се превземе телото на пилотот и да се врати во Русија.





