Лидерот на молдавскиот проруски сепаратистички регион Придњестровје во понеделникот ги повика своите одбранбени и разузнавачки институции да одржат „високо ниво на воена подготвеност“ и да одржуваат редовни вежби за таа цел.
Придњестровје, со главен град Тираспол, се отцепи од Молдова пред распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и водеше кратка војна против новата независна држава, една од најсиромашните европски земји што се наоѓа меѓу Украина и Романија.
Повеќе од три децении конфликтот оклолу Придњестровје остана „замрзнат“.
2.000 руски „мировници“ остануваат на линијата што ги дели од одтанатиот дел од Молдавија.
Во суштина, тоа се локални жители со руски пасоши.
Тензиите се зголемија откако владата на Молдова воведе царини во Новата година за увоз и извоз, како дел од нејзината кандидатура за пристап во Европската унија.
Регионот, зависен од помошта на Москва, вели дека тарифите му штетат на нејзиниот бизнис, а Красноселски ги осуди како „средновековна давачка“.
„На Министерството за државна безбедност и на Министерството за одбрана им е наложено редовно да спроведуваат вежби и да ја зголемат безбедноста на државните граници преку современи технички средства“, рече претседателот на непризнаеното Придњестровје, Вадим Красноселски.
Молдавското биро за реинтеграција, телото што ги надгледува преговорите со Придњестровје, рече дека коментарите на Красноселски биле збунувачки.
„Основата за алармите во Тираспол е нејасна“, се вели во соопштението, мислејќи на главниот град во регионот.
Проевропската претседателката на Молдавија, Маја Санду, ја осуди руската инвазија на Украина и тврди дека Москва планира да ја отстрани од претседател, додека Москва ја обвини дека влева атмосфера на русофобија во земјата.
Придњестровје, пак, тврди дека Украина планирала атентат на нејзините лидери и ја обвинува Молдавија за обука на украински борци.






