Првиот вицепремиер Артан Груби, вели во текот на годините државата се соочувала со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност а тоа е Русија.



„За време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова.

Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја.

Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа, против било каков договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Р. Грција.

Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас“, рече Груби на отворањето на Годишната владина конференција.

Според него, безбедносната криза, енергетската криза, ценовната криза, инфлацијата има само едно име Русија и нивната воена агресија врз Украина и последната војна во Европа после Втората светска војна од тие размери.

Имаше протести против договорот за добрососедство со Бугарија кои беа поттикнати од руски елементи во нашето општеството. Можеби сите ќе помислите дека претерувам, но досега не испаднало нешто погрешно од тоа што сме рекле“, рече Груби и додаде дека и најголемиот инфраструктурен проект во земјава е Коридорот 8 и 10Д,  со години беше опструиран од Русија, од руски компании.

Откако гласно праша дали има руско влијание во нашите верски заедници, во медиумите, во невладините организации, првиот вицепремиер со констатација:

„Има руски елементи кои прават се што е можно да нарушат прогресивно парламентарно мнозинство и коалиција, која сака да ја види оваа држава членка на НАТО и на ЕУ и е во вековно пријателство со САД“.

Денес, рече Груби, нашата заедничка држава е членка на НАТО, има отворени преговори со Европската Унија, е во стратешко партнерство со САД, има отворени врати во сите земји членки на ЕУ…