Паника во владата, министер се жалел дека СДСМ и ДУИ не ги интересира ЕУ туку личните агенди

Паника во владата, откако еден министер пред странски амбасади се жалел дека СДСМ и ДУИ не ги интересира ЕУ туку личните агенди.



Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу се очекува да одржи прес-конференција на која е можно да поднесе оставка.

Причина за можната оставка е што СДСМ и ДУИ одбиваат да ги стават на собраниска агенда и да го усвојат пакетот европски закони, односно закони што се носат со европско знаме.

Станува збор за три закони за реформа на јавната администрација, два за дигитализација и законот за медиуми.

Откако „Телма“ објави дека Алиу размислува да се повлече бидејќи му ги блокираат законите на кои тој бил фокусиран во изминатите единаесет месеци откако е министер за информатичко општество, во Владата се создала паника, пишува оваа телевизија.
Како што дознава Телма, на Алиу му се јавил лично премерот Ковачевски да го уверува дека законите ќе бидат закажани на собраниска седница во понеделник на 30 јануари, но Алиу барал тоа да се случи до петок, пред изборот на техничката влада.

За намерите на министерот за оставка се заинтересирале и од една странска амбасада на која Алиу отворено им се пожалил дека во СДСМ и ДУИ воопшто не се заинтересирани за евопската агенда на државата туку само се кријат зад неа туркајќи ги личните интереси.

Алиу е на чело на МИОА од февруари минатата година.