СДСМ се заканува дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за техничката влада техничкиот премиер Талат Џафери може да предложи празни полиња за местата кои им припаѓаат на опозицијата заборавајќи дека токму социјалдемократите први не гласале за техничка влада.
Уредникот во Телма Боби Христов во вчерашното издание на Топ Тема открива дека во 2016 за време на гласањето за техничка влада на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Емил Димитриев СДСМ ја напушта седницата за избор на техничка влада.
На таа седница СДСМ не ги гласа своите кандидати за министери.
Тогашните технички министри за внатрешни работи Оливер Спасовски и за Труд и социјала Фросина Ременски даваат заклетва 3 дури дена подоцна а ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се заканила со санкции кон таквото кршење на законот од страна на СДСМ.
Целата емисија Топ Тема на овој линк
https://fb.watch/pLjqdm9KIS/?mibextid=Nif5oz
Делот од Топ Тема каде Христов ја открива оваа информација:
2016, Техничка влада на чело со Емил Димитриев
▪️СДС ја напушта седницата за избор на техничка влада
▪️СДС не ги гласа своите кандидати за министери
▪️Оливер Спасовски и Фросина Ременски даваат заклетва 3 дена подоцна pic.twitter.com/yPaQ53Hcn7— Бемка (@B1PcG6cyiRrcoTr) January 23, 2024
Поврзана вест
ТВ пекол од 18 минути – Која е пратеничката на СДСМ што вчера се изрезили во живо (ВИДЕО)





