Царинските службеници на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница спречиле обид за шверц на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец.
„Поради сомнение во изјавата на возачот, извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец“, соопштија од Царината.
Непријавената стока е привремено задржана, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка.






