ВМРО-ДПМНЕ не поддржува технички премиер предложен од ДУИ

Принципиелен став на ВМРО-ДПМНЕ е дека Талат Џафери не е достоен и не ја заслужува функцијата на технички премиер, изјави вчера во  „Топ Тема” на Телма гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.



„Не се работи за собирање на политички поени се работи за принципиелен став на ВМРО-ДПМНЕ, наше длабоко уверување и на нашите поддржувачи е дека Талат Џафери не е достоен и не ја заслужува функцијата на технички премиер.

Дополнително што истиот е избран можеби формално согласно закон меѓутоа суштински различно од она што го вели законот, а тоа е дека техничкиот премиер го номинира владејачката партија којашто е најголема во Собранието, во случајот СДСМ.

За жал, македонската јавност вклучително и ние дознавме дека технички премиер ќе биде Талат Џафери после извршниот одбор на политичката партија ДУИ што го докажува она што ние во континуитет го тврдиме, а тоа е дека СДСМ во суштина е помалиот коалициски партнер“, рече Петрушевски, пренесува Плусинфо.

Како пшто оцени Петрушевски, главните конци во владата ги држи ДУИ, а СДСМ е само извршителот како добар слуга на наредбодавателот ДУИ.