Новиот полски премиер Доналд Туск пристигна во соседна Украина на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски со цел да ги зајакне односите по неколкумесечното политичко триење меѓу двата воени сојузници.
Туск рече дека целта на неговата посета е и „што е можно побрзо да се решат проблемите“.
Украинбскиот претседател деновиве го повика кандидатот за уште еден претседателски мандат на САД Доналд Трамп да го посети Киев по неговите изјав и дека тој може многу бргу да ѝ стави крај на војната во Украина.
Зеленски на Трамп: Дојди и сопри ја војната за 24 часа
Владата на Туск истражува како да произведе повеќе муниција и воена опрема како дел од новиот пакет помош за Украина.
Варшава се појави како клучен сојузник за Киев бидејќи се брани од Русија и бара поголема финансиска и воена поддршка од западните партнери. Полска исто така прифати повеќе од милион украински бегалци.
„Нема поважно прашање од поддршката на Украина во нејзините воени напори – тоа е на прво место“, рече Туск, кој ја презеде функцијата минатиот месец, во коментарот пренесен од полската телевизија.
Односите меѓу двете земји се влошија во последните месеци поради блокадите на полските возачи на камиони на границата, што се заканува да го намали БДП на Украина.






