Автобусите на ЈСП ќе бидат повлечени од сообраќај претпладнево во 9 часот во очекување на дали Советот на Град Скопје ќе донесе одлука за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието.



Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, синоќа појасни дека со тоа ќе се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и граѓаните и вработените до своите работни места, до болниците…

„270 автобуси на ЈСП ќе се вклучат на сите линии и ќе сообраќаат до 9 часот, а потоа се враќаат во двете авто – бази и ќе останат се додека не се донесе одлука на седницата на Советот на Град Скопје во врска со субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Доколку парите легнат уште дента на сметката на ЈСП истиот ден ќе биде возобновен превозот“ изјави за МИА Стојановски.

За воо 10:30 часот дел од вработените на ЈСП ќе бидат пред вратите на Советот на Град Скопје, каде ќе се носи одлуката за субенциите на јавниот градски превоз.

Стојановски рече дека очекуваат да биде донесена одлука за целосниот износ на субенциите за ЈСП од 11 милиони евра, кој треба да овозможи редовна исплата на платите за вработените за 2024 година.

Вонредната седница на Советот на Град Скопје на која како единствена точка на дневен ред е одлуката за субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП, е закажана во 11 часот.