Милошоски со христијанска порака за активистката на СДСМ која го навреди на Фејсбук

Пратеникот и шеф на собраниската комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски упати христијанска порака до активистката на СДСМ која го навреди на Фејсбук.



Предходно претседателката на Форумот на жени на СДСМ од општина Карпош Данче Мартиновска на видео на Милошоски од Водици каде тој е кум го навреди во коментар.

,,Почитувана г-ѓа Данче Мартиновска, претседателка на
Форум на пензионери СДСМ-Карпош,
жалам што на мојата објава во чест на овој убав празник Водици – Богојавление, празник кој обединува, сте се одлучиле за малициозни навреди инспирирани да разединуваат.

Не го спорам Вашиот избор да се изразите преку лични навреди, но, сметам дека барем на ваквите празници пристојно е да си честитаме, без разлика на идеолошката, верската или социјалната припадност.

Водици е долговековна традиција во Македонија, обичај кој го зближува народот и сметам дека е добро во тој дух да го почитуваме и да го пренесуваме на помладите. Затоа ја користам оваа прилика да Ви ги честитам празниците, со желби за добро здравје, верни пријатели и многу внучиња на кои ќе им се пренесе македонската традиција.
На нашата сенародна прослава во чест на Водици – Богојавление и Вие, заедно со најблиските, секогаш сте добредојдени.

Нека е за многу години!

Со почит, Антонио Милошоски”, пишува пратеникот откако претходно Мартиновска без повод го навреди на голем христијански празник.

Што му напиша активистката на СДСМ на Милошоски

Данче од Форум на пензионери на СДСМ го има најглупиот јавен коментар од почетокот на 2024 (ВИДЕО)