Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, објави дека се повлекува од трката за републиканска претседателска номинација, најавувајќи дека ќе го поддржи поранешниот претседател Доналд Трамп во продолжението на кампањата.
Во видеото на социјалната мрежа Икс, кое го објави со цитат од Винстон Черчил, Десантис вели дека не гледа јасен пат до неговиот успех на претседателските избори.
„Доколку би можел нешто да направам за да создадам поволен исход, повеќе турнеи за време на кампањата, повеќе интервјуа, би го направил тоа, но не можам да барам од нашите поддржувачи да се откажат од слободното време и да ги донираат своите ресурси ако го направиме тоа. Немаме јасен пат до победата, со тоа од денеска ја прекинувам кампањата“, рече Десантис.
По повлекувањето на Десантис, во трката за републиканска кандидатура останаа само Трамп и поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации, Ники Хејли.






