Среде зима најголемата централа за производство на електрична енергија остана само со еден блок. На овој снег и температури под нулата, на мрежа е приклучен само вториот. Другиот блок не можело да се стави во функција бидејќи МЕПСО не го дозволува тоа, објавува Телма.
Oд МЕПСО пак велат дека прво треба да се реши проблемот со дефектот во далновод кој е во сопственост на ЕСМ.
Од ЕСМ пак негираат дека проблемот е кај нив. Тврдат блокот е подготвен и се чека МЕПСО да даде зелено светло за да се вклучи на мрежа.
ОД РЕК Битола за една недела најавуваат дека во функција ќе го стават и третиот блок. Но, додека се случи тоа и додека се бара виновникот поради кој не може блок 1 да се активира, се отвара прашањето дали минусните температури кои се најавуваат и за следните денови во кој најверојатно ќе се зголеми потрошувачката ќе можат да се покријат со струјата од само еден блок во РЕК. Доста домаќинства за да се стоплат, ќе бидат принудени да вклучат и дополнителни грејни тела.





