Две случаи на семејно насилство кон жени биле пријавени синоќа, Едниот случај бил во Охрид, а другиот во Велес, и двата се случиле во семејниот дом.
Во СВР Велес, 36-годишна велешанка пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот сопруг Л.М.(48) физички ја нападнал. Истиот ден во 14.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во семејниот дом, Д.А. од Охрид физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.






