Светското природно наследство во Прилеп ќе замине во историјата поради Бехтел и Енка?!

Жителите на Горна и Долна Бањица ќе треба да се збогуваат со земјоделието бидејќи автопатот кој го гради “Бехтел и Енка” придонесе експропријација за само 650 денари од квадрат. Во прилепско пак, наоѓалиштето на ретки материјали ќе биде тампон за автопатот.



Атарот на гостиварските села Горна и Долна Бањица е плодно поле на кое локалните жители одгледуваат градинарски производи меѓу кои најзастапен е кромидот – пишува 360 степени.

Во Прилепско пак, ретки минерали може да завршат како тампон за автопат
Меѓу селата Алинци и Шелеверци има наоѓалиште на ретки видови минерали.

За локалитетот Црн Камен многу експерти и истражувачи тврдат дека е од непроценливо значење како светско природно наследство. Кај нас може да заврши како материјал за изградба на автопат.