Тројцата арамии и нивните платени апологети, ги фатила паника, тврди ексминистер за финансии

Тројцата арамии и нивните платени апологети, ги фатила паника.



Ова го тврди ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини кој според неговите претходни постови на Фејсбук зборува за лидерите на СДСМ и ДУИ Димитар Ковачевски и Али Ахмети и екс премиерот Зоран Заев.

Тој претходно ја забележува изјавата на Ковачевски според кого со Заев и Ахмети разговарале за европската иднина на Македонија.

Фали и колку Али Ахмети е за европска иднина на Македонија според Хајредини може да се види од ставот на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој на средба со лидерот на ДУИ полуотворено го обвини за корупцијата во Македонија.

Во Пост Скриптум Хајредини иронично додава дека тројцата политичари по инцидентот во МНАВ, разговарале и за безбедноста на авиосообраќајот над скопскиот аеродром.

Пред три дена како што потврди СДСМ дојде до средба меѓу Ковачевски, Ахмети и Заев иако е јавна тајна дека тие подолго време ,,не се мирисаат меѓу себе”.