Грип и корона – болниците и амбулантите полни

Кашлица, температура, болки во телото, малаксаност – болниците и амбулантите полни поради грипот и короната.



Телма објави дека во болницата во Битола има над стотина прегледи на повеќе болнички одделенија, од кои најголем број се пациенти со горенаведените симптоми.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во целата држава бројот на заразени е зголемен за 15 проценти во однос на минатата недела. Досега вкупно се регистрирани 3500 случаи на грип и заболувања слични на грипот, што е за 13 проценти повеќе во однос на истиот период минатата сезона.

Најголем број на заболени се на возраст од 15 до 64 години, а инциденцата е највисока кај децата до 4 годишна возраст. Покрај сезонскиот грип, регистриран е и врусот на КОВИД-19, како и респираторниот синцицијален вирус. Оваа сезона од грип почнале 5 лица, сите биле хоспитализирани, имале хронични заболувања и невакцинирани против сезонски грип. Со бесплатна и комерцијална вакцина досега се вакцинирани 60.900 граѓани.