Станбува збор за 41-едногодишниот А.М. од тетовското село Гајре, кој беше ранет од огнено оружје во престрелка пред Клиничката болница во Тетово.



Тој почина на Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје, пренесува МИА.

А.М.беше рабет 11 јануари годинава кога пред Клиничката болница во Тетово имаше вооружен инцидент.

Во престрелката беше повреден и неговиот брат, 36-годишниот З.М. кој исто така се наоѓа на лекување на КАРИЛ.

Вечерта по пукањето полициски службеници, ги лишиле од слобода тетовчаните Р.Т.(35) и М.Т.(44), како и 55-годишната тетовка Ш.Е. и 39-годишното лице Н.М.

Полициските службеници, како што велат од СВР Тетово, тргаат по уште едно лице кое се сомничи за инволвираност во инцидентот.