Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, изјави дека ќе побара од Парламентот да донесе одлука за доделување 50 милиони евра за Косово, наменети за набавка на воена опрема.
“Зауздувањето на Србија е клучно за одржување на мирот и стабилност во целиот регион а не само на Косово”, вели тој во образложението.
„Пратениците на ДП в понеделник ќе поднесат амандман до Собранието со кој ќе бараат 50 милиони евра од буџетот за 2024 година да се издвојат за воена помош на Косово, пренесе МИА.





