Раководството на ВМРО – БНД протестира против анкетите на ЛГБТ организации кои се спроведуваат меѓу наставниците и директорите во бугарските училишта.
Во партијата се загрижени дека во последниве месеци има невиден притисок врз бугарските наставници.
„Притисокот доаѓа од голем број организации, НВО и секакви други болни мозоци. Зошто велиме болни мозоци, бидејќи токму такви луѓе под една или друга форма, се обидуваат да го искриват воспитувањето на иднината на нашата држава – децата”, пишуваат во соопштението од софијскиот огранок на ВМРО–БНД..
ВМРО се категорични дека „токму бугарското училиште ги подготвува(ло) темелите за изградба на бугарската нација низ историјата. Сега, се вели во соопштението, сведоци сме како „голем број фондации се обидуваат да вметнат во воспитувањето на децата една лага, пострашна дури од лагата наречена комунизам”, пренесува News.bg.
„До, и без тоа угнетените наставници, стигнуваат анкети со прашања дали се мажи, жени или нешто друго (и да дефинира што е тоа друго), наместо да се бара фокусот да биде ставен на квалитативната работа во часовите.
Такво „друго“ животно нема, а секој што тврди дека е такво нешто треба да се лечи“ се вели во соопштението.





