Дојде време државотворната СДСМ да се крсти во ДУИ и во Данела за да се спаси на избори, пишува во својата најнова колумна Горан Михајловски кој анализира дека во меѓувреме самата СДСМ од државотворна, со сета корупција, алчност, некадарност се претвори во растурач на државата па затоа и си бара друштво за ручек со сличните.
,,Мора да се крајно очајни кога си мислат дека Данела толку ќе му го расцепка гласачкото тело на Мицкоски, па тоа ќе му помогне СДСМ да ќари на изборите.
Свесно ги отуѓуваат гласачите што традиционално се наклонети кон нив, ја факторизираат Данела да земе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, а гласовите што СДСМ поради тоа ќе ги изгуби, се надеваат дека ќе им ги надомести ДУИ. Дали воопшто ги бројат гласовите што ќе ги изгубат со ваквата математика? Притоа, си умислуваат дека се рамноправен партнер во преговорите. Дека не се тие што молат, туку дека они ги поставуваат условите за коалиција. Дека ДУИ туку-така ќе им помогне. Бесплатно. За џабе. Во име на европската иднина, де. И кога ќе победат, како ќе владеат во европскиот фронт? Исто како и досега. На секое укажување на корупција, непотизам, силеџиство и неспособност, од ДУИ ќе обвинуваат за албанофобија, а СДСМ ќе ја легитимира коруоцијата и ќе ги пизми укажувачите.
Ете, дојде време државотворната СДСМ да се крсти во ДУИ и во Данела за да се спаси на избори. А во меѓувреме самата, од државотворна, со сета корупција, алчност и некадарност се претвори во растурач на државата. Па затоа и си бара друштво за ручек со сличните.
Ова е некоја политичка стратегија која ние со просечна интелигенција не можеме да ја сфатиме. Освен ако не е смислена за, ако веќе се губат изборите на државо ниво, да може барем уште две години да се добиваат тендерите од Град Скопје”, пишува Михајловски во колумната во која го критикува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
https://www.expres.mk/wp-admin/post.php?post=353263&action=edit






