Нецели 48 часа откако последниот претседател на Либералната партија, Ивон Величковски објави дека ВМРО-ДПМНЕ бира меѓу наследството на Борис Трајковски и приближување до Зоран Заев, неговите политички идоли или ментори Димитар Ковачевски и Али Ахмети седнаа на иста маса со Заев во обид да останат на власт уште 4 години.
Анализата на Ивон Величковски, кој ги обвини Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека шуруваат со Заев а всушност тоа го прават Ковачевски и Ахмети за кои Величковски не кажува лош збор, можеби најдобро укажува зошто Либералната партија пропадна кога тој стана нејзин претседател.
Ако анализите на Величковски пред пропаста на Либералната партија биле слични со оваа негова пропадната теза тогаш е појасно зошто по заминувањето на Стојан Андов се распадна овој политички субјект.
Величковски кој е политичар целиот свој живот, а уште од средно училиште бил на разни функции сега молчи за здружувањето на премиерот Ковачевски со ,,Муртинската прегратка” како што тој го нарекува наследството на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Величковски кој од пред извесен период постојано го напаѓа Мицкоски и постојано зборува за одговорност за политичарите кои три децении ја водат Македонија, сега молчи за своите лажни тези дури и кога тие пропаѓаат јавно како во случајот со старо – новата коалиција меѓу Заев и Ковачевски.
Вечниот политичар кој 4 години се претставува како иницијатор на движењето Нова Република упорно не сака да ги признае своите грешки додека ја брани власта на СДСМ и ДУИ и бара грешки кај опозицијата.
Дали ќе признае дека неговите погрешни проценки и тези се причина што не може да собере 1000 потписи за регистрација на партија и не е толку важно, најважно е дека на јавноста и е појасно зошто Величковски е првиот лидер на сериозна македонска партија која пропадна откако тој застана на нејзино чело.
Лани во Ноември во слична пропадната теза, Величковски тврдеше дека спојување на изборите било штетно и е резултат на некаков договор меѓу Мицкоски, Заев и Пендаровски за да замолкне на темата кога Ковачевски прифати заеднички парламентарни и претседателски избори.
Што напиша Величковски пред два дена во својата најнова пропадната мантра пред лидерите на СДСМ и ДУИ, тотално контра неговата таканаречена анализа, да седнат во обединувачка мисија со Зоран Заев:
ВМРО-ДПМНЕ избира меѓу Моноспитовското наследство (на Трајковски) и Муртинската прегратка (со Заев)
Мицкоски очигледно го избра второто.
И со одржувањето на анти-интегративниот дух и низ анти-албанскиот/анти-бугарскиот наратив и последно, со поставувањето кон Техничката влада и со тоа кон изборниот резултат.
Партискиот концепт за перење од одговорност, а уживање во привилегиите на владата е виден одамна.
Ако ВМРО-ДПМНЕ не гласа за техничката влада, само потврдува дека очекува изборен исход што ќе ја држи вон Владата.
Негласањето е замислено алиби како тоа да го правда пред членството со познатиот репертоар: од неправилности до теории на “заговор против волјата на Македонците”
А всушност Мицкоски само нема сила да ја води партијата онаму каде ВМРО-ДПМНЕ тргна со Проповедникот од Моноспитово – во градењето граѓанска држава на еднаквост во правата и обврските вон влијание на матрицата на “српски свет”.
Во која, на пример, не би имало проблем на чело на владата да биде Албанец како што не е проблем кога е Македонец или Влав.
Затоа, за Мицкоски во ваква состојба е поприфатлива опцијата на лажното “едно општество” за сите на “нобеловецот” од Муртино.
За разлика од Ковачевски и неговиот СДСМ?!
Парадоксално, да: “Бихаќка” знае колку за нив е погубно продолжувањето на политиката од 2017-21 во “Илинденска” и “Вила Водно”: Марихуанизирана индустрија + картелизирана политика = срушено владеење на правото згазено и до 2016.
Оттука и отпорот на кој (ќе) наидува од се’ поотворената коалиција на антиевропските групации во партиите инсталирани од Правниот факултет преку институциите до медиумите.
Тие се задолжени за одбрана на југословенската олигархија на ПЈРМ од европската и евроатланска Северна Македонија.
Бидејќи ваквиот отпор ќе се повикува на “експертизата” од валутниот граѓанизам на “системските деца” кој се развиваше паралелно и во соработка со растот на југословенските тајкуни во Скопје.
Се до следните имиња на “американската црна листа”.
Г. М.






