Џезаир Шаќири или познат како командант Хоџа во УЧК на македонската јавност, објави дека повеќе го нема „неговиот колега и голем воин- Командантот Аруша“. Назим Сулејмани-познат како Аруша изутрината беше убиен во семејна расправија во домот во Арачиново.
Аруша, според Шаќири, се издвојувал меѓу останатите, како што вели Шаќири- војници, оти учествувал „во најжестоките битки„ во Македонија во 2001 година, во Брест, Матеч и Арачиново, но и во Косово претходно.
За Шаќири, Аруша ќе биде запаметен по тоа што секогаш бил во првите борбени редови, и најави дека на погребот ќе дојдат многу луѓе почитувачи на командантот и „борци за слобода на Албанците“.
– Сите дојдовме од Алах, таму и ќе се вратиме, пиша Шаќири на социјалните мрежи.
Во 8.30 изутрината до МВР е пријавено дека Сулејмани бил убиен по неколкучасовна расправија во врска со нерасчистени имотно-правни односи.





