Home Најчитани Претрес на имотите на бугарскиот тајкун Черепот кој сака да влезе во...

Претрес на имотите на бугарскиот тајкун Черепот кој сака да влезе во казино бизнисот во Македонија



Бугарската полиција претресува имоти на Васил Бошков-Черепот, објави „24часа.бг“. Полицијата има сомнеж дека Черепот е поврзан со убиството на бизнисменот Алексеј Петров. Черепот моментално е во домашен притвор.

Бошков на македонската јавност и е познат по тоа што неговото име се споменува како партнер во казино бизнисот во Македонија преку неговите фирми  666.бг и 777бг. за онлајн коцкање.

фото 24часа бг

Васил Божков е бугарски олигарх и главен идеолог и движечка фигура на Граѓанската платформа „Бугарско лето“. Тој најбогатиот Бугарин со богатство проценето меѓу 1 и 3 милијарди лева познат по прекарот Череп.

Божков има 63 години и неговите две приватни лотарии и обложувалници кои имаат годишен профит од над 200 милиони лева.Вози уникатен модел „Mercedes Maybach“ вреден 700.000 евра.