Романската влада го заборави знамето на ЕУ

Гаф или јасен сигнал до ЕУ? Најнова фотографија на членовите на романската влада предизвика жива дебата на социјалните мрежи, бидејќи на сликата го нема знамето на Европската унија.



Министрите се фотографирале само со романското знаме во позадина.

Досега, на сите слики во позадина беа романското и знамето на ЕУ.

Повеќемина, сепак веруваат дека ова е протоколарен гаф, а не некаква јасна порака до Брисел.

Романија негодува поради одолговлекувањето земјата да биде примена во Шенген  и во еврозоната.

Одлуката за прием во Шенген зоната за Романија и Бугарија минатиот ноември беше одфложена – за оваа година.