Откако изгубил пари во казино во Велес, 42.годишник подметнал пожар во просторијата каде играл, по што морала да интервенира пожарната и полицијата.
„На 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Пожарот бил локализиран од страна на ТППЕ Велес, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






