Дали најавата на анкетите дека СДСМ и ДУИ ќе претрпат катастрофален пораз по кој може да завршат в затвор или некоја друга мака ги натера скараните Ковачевски, Заев и Ковачевски пак да седнат заедно на маса на 4 месеци пред парламентарните и претседателските избори.
Иако повеќе извори информираат дека во последнава година имало сериозни кавги меѓу Заев, Ковачевски и Ахмети а пред само една недела Заев бараше Ковачевски да замине и од челната позиција во СДСМ денеска дошло до долга средба меѓу овие тројца политичари.
Според повредените инфорамции Ковачевски, Ахмети и Заев имале заеднички ручек кој траел четири часа.
На ручекот се разговарало за претстојните парламентарни и претседателски избори, но и за стратегијата за настап на власта на изборите како коалиција.
Според информациите, работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера, но не се откриваат повеќе детали дали се разговарало и за други теми.
Слична средба меѓу Заев и Ахмети пред една година се одржа во Струмица откако дојде до кавга меѓу лидерот на ДУИ и екс премиерот за еден контроверзен случај.






