Седум од групата на Незири во куќен притвор, осмиот чека судска одлука за нападот во М-НАВ

Кривичниот суд во Скопје им определил мерка куќен притвор и на двајцата кои што се дадоа во бегство по упадот во М-НАВ, а полицијата ги бараше со денови. Уште еден бегалец чека судска одлука дали ќе добие куќен притвор, ефективен како што бара обвинителството или пак ќе биде пуштен на слобода.




„Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај. Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител,” велат од ОЈО Скопје.