Ироничен пост на директорот на Канал 5 Иван Мирчевски на социјалната мрежа ЛинкдИн кој на соодветен начин ја опишува ситуацијата во македонската политика.
Мирчевски вчера добил идеја за соодветен хонорар да биде изнајмен како гостин на разни јавни собири.
,,Почитувани пријатели од #macedonia, покрај моето скромно медиумско влијание и присутност, вчера добив идеја за хонорарна работа, па затоа ја нудам мојата следна услуга:
– Гостувам по разни промоции, кампањи, форуми, дебати, конвенции, седам без проблем у прв ред на прво или последно столче, и одлично се преправам дека ги познавам сите во салата/објектот и аплаудирам по потреба на лице кое ќе ми биде посочено.
– За посилен ефект, можам да дојавам и на коњ.
Доколку некој од вас планира да направи ваков политички, општествен или образовен настан, ве молам да ме препорачате. Ќе бидете задоволни!
P.S. Да не заборавам…квалитетно стојам и по коњопои , особено до оние лоцирани близу до бината во салата.
#kanal5 #guest #escort #political #state #social #events
Ироничниот пост на Линкдин директорот на телевизијата Канал 5 Иван Мирчевски кој содржи и сарказам се случува по вчерашното учеството на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на преземањето на партијата Нова Алтернатива од страна на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Зечевиќ беше единствен гостин од СДСМ на преземањето на партијата Нова Алтернатива каде покрај Данела Арсовска имаше и членови на Гром на Стевче Јакимовски и вработени во Град Скопје.
Зечевиќ на Илинден јаваше на коњ на Илинденскиот марш кој за прв пат го организираше СДСМ.






