Расчистени сите долгови во Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Пецаков ја раздолжи општината од околу 14 милиони евра. Тој на почетокот од својот мандат наследи дупка од 22 милиони евра, удавена во долгови Општина Охрид беше блокирана поради недомаќинско работење инаправените двоцифрени милионски долгови изразени во евра,кои од година во година се таложеа.



“Општина Охрид за прв пат после долги години има нула долг по основ на судски извршни решенија и од денес Општина Охрид се вбројува помеѓу малкуте институции во Македонија која нема заостанат долг. При преземањето на раководењето Општината ја затекнавме со вкупен долг од околу 14 милиони евра. Оваа бројка не го вклучува долгот кој општинските јавни прептријатија го имаат. Веднаш пристапивме кон финансика консолидација и изготвување на план за раздолжување”-рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид

Пецаков доблесно, ги спомна напорите кои биле вложувани во минатите десетина години на локалните раководства за раздолжување на општината и 8-те милиони евра кои Владата ги додели на Општина Охрид со единствена намена за раздолжување на градот чиј долг во еден период изнесувал дури 33 милиони евра.