Ќе ја намали ли дневната евтина тарифа, владината поддршка во сметките за струја?

Ќе ја намали ли дневната евтина тарифа, владината поддршка во сметките за струја? – Во моментов во фактурите за електрична енергија пишува дека субвенцијата е 91,5 отсто. Но, со оглед на тоа што од 1 декември се воведе дневна евтина тарифа, овој процент би требало да се промени.



ЕВН чека да ги добие новите владините пресметки кои потоа ќе ги вметне во фактурите во полето наменето за поддршката од државата. Очекуваат да ги имаат до крајот на идната недела, по што ќе се знае колку државата ќе покрива од трошокот за струја на домаќинствата.

Ги прашавме и во Владата дали се почнати со калкулациите, дали ќе се намали износот кој покрива дел од трошокот во фактурите поради евтината тарифа и кога би ги доставиле до енергетските компании, но одговор од таму до објавување на прилогот не добивме.

Поради енергетската криза, Владата одлучи да префрла пари во ЕСМ за да може да работи затоа што цените на берзите драстично пораснаа. Средствата кои одат во државните електрани се од буџетот кој го полнат и граѓаните и фирмите, но Владата ги нарекува субвенции со кој на домаќинствата не им се испорачуваат високи фактури.

Целиот текст прочитајте го тука.