Над 30 јавни личности се потпишаа на петицијата за ослободување на режисерот и продуцент Борис Дамовски, кој е во притвор за настаните од 27 април во македонското Собрание.
Целта на петицијата е да истакне вистината, дека со неговото притворање е извршено злосторство чија цел е да се прикријат вистинските прекршители на Уставот и законите на Република Македонија на 27 април.
-Сметаме дека ‘ловот на вештерки’, кој го применува власта, со директно соучесништво на правосудните органи во Република Македонија, претставува најсрамно кршење на човековите права и слободи, а во исто време ги разобличува темелните вредности врз кои почива уставниот поредок на нашата држава. Цениме дека со притворањето на Борис Дамовски е извршено злосторство чија цел е да се прикријат вистинските прекршители на Уставот и законите на Република Македонија, се вели во петицијата.
Досега на оваа петиција се потпишаа: Илинденка Петрушевска – филмолог, Александар Русјаков– писател, Александар Дамовски – новинар, Алисија Ферро – филмски работник, Блаже Дулев – продуцент, Благица Секулоска – драматург, Горан Вуќиќ – монтажер, Ефтим Клетников – поет, Иванка Василевска – универзитетски професор, Ивица Тодоров– презвитер, Дејан Илиев – продуцент, Димо Попов – снимател, Огнен Антов – продуцент, Илија Циривири – продуцент, Владимир Митревски – режисер, Роберт Велјановски – актер, Запро Запров – диригент, Сенко Велинов – актер, Слободан Деспотовски – режисер, Атанас Георгиев – монтажер, Андријана Јаневска – музичар, Виктор Петров Викса – радио водител, Петар Волнаровски – писател, Велика Стојкова Серафимовска – музиколог, Симеон Серафимовски – новинар, Александар Станковски – сликар, Ивона Опетческа Татарчевска – етнокореолог, Антони Мазневски – сликар, Наум Стоилковски – новинар, Стефче Стојковски – народен уметник, Јован Донев – амбасадор, Далибор Јовановски – универзитетски професор, Наташа Котлар Трајкова – универзитетски професор, Горазд Росоклија – професор, Лазар и Ана Трипкови – уметници…
Сите заинтересирани поединци за поддршка на оваа петиција можат да пишат на: i.vasilevska@pf.ukim.edu.mk




