Што сака да каже Пендароски со средбата со шеф на моќна странска тајна служба на 4 месеци пред избори

Каква порака сака да испрати македонскиот претседател Стево Пендароски со објавување на јавни фотографии од средбата со шеф на моќна странска тајна служба на само 4 месеци пред изборите за претседател.



Ова прашање се наметнува откако
Пендаровски надвор од секој нормален дипломатски протокол на шеф на држава објави фотографии од средба со шефот на британската разузнавачка агенција МИ6.

Средбата се одржала на Светскиот економски форум во Давос од каде единствено Пендаровски објавил фотографија со Мур.

Според официјалната објава на претседателот за средбата со шефот на британската тајна служба се разговарало за тековни безбедносни предизвици.

Од објавата не се гледа дали се работи за безбедносни предивици во Македонија.

,,Средба со Ричард Мур, директор на британската безбедносна служба МИ6 во рамки на Светскиот економски форум во Давос и разговор за тековните безбедносните предизвици”, пишува Пендаровски во објавата.

Дали двјацата зборувале и за безбедносни предизвици во Македонија засега останува тајна.