Рано утринава се спасени неколку лица кои со автомобил заглавиле на Галичица, на патниот правец кој подолго време е забранет за моторни возила.



За случајот била известена Единицата за спасување на планина во Охрид, а нивни екипи итно се упатиле на местото за да интервенираат.

Инаку, патниот правец Охрид–Ресен, преку националниот парк Галичица, на кој, според информациите на ЦУК, било заглавено возилото, е затворен за сообраќај за сите видови возила од средината на ноември лани до 1 април годинава. На самото место била поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

Од ЦУК апелираат на внимателно возење на повисоките места каде што има снег и да не се вози по патни правци на планините кои се забранети за сообраќај, како на пример, преку Галичица.