Македонскиот кошаркарски првак постигна само 5 поени во третата четвртина и 11 во целото второ полувреме во мечот со Унион Олимпија што не можеше да заврши никако поинаку освен со нов тежок пораз од 55-96, по што и дефинитивно згасна, и последната надеж дека може да се опстане во АБА друштвото.



Во мечот во Јане Сандански првиот дел не навестуваше дека ќе ни се случи 17. пораз во 20. коло зошто сините варираа, но водеа на полувремето со 39-37. Но потоа се случи веќе виденото, многу пати во оваа сезона, по што МЗТ остана цврсто на последното место, сега веќе и без никакви шанси да побегне од таму.

Тоа претпоставува дека Македонија го загуби местото во Јадранската лига и прашање е дали ќе добие вајлд карта за следната сезона.

„По сите критики на моја сметка јас сум подготвен уште вечерва ќе седнам со управата, со клубот, и прв ќе си заминам ако некои мислат дека ќе се средат работите на подобро“, рече револтирано по мечот центарот Бојан Трајковски.

Гостите инаку се „изназабиваа“ во Скопје, а ние извлекуваме два такви момента.