Пола учебници фалат ама Шаќири вели граделе европскo образовние

Скандалите со недостаток на учебници не се од вчера. Учениците учат кој како ќе се снајде – од скрипти, фотокопирани учебници, од интернет. Од вкупниот број на учебници фалат речиси пола, ама тоа како да не го допира министерот за образование. Според Јетон Шаќири, Македонија имала квалитетно и европско образование. Се чини дека министерот никако не сака да ги извади розевите очила.



Ние и сега и отсекогаш сме дел од Европа. Тоа е водилката што стои зад сé што како Министерство за образование и наука работевме изминативе години во делот на градењето квалитетно образование и приближувањето до глобалните образовни стандарди, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на панел дискусијата насловена Младински перспективи: Подобрување на квалитетот на македонското образование преку интеграцијата во ЕУ, што во рамки на кампањата „Европска иднина, поблиску од кога било“ се одржа денес во Скопје.

“Да имаме европско образование дома не е само барање што ни го наметнува членството во ЕУ. Тоа е потреба на нашите ученици, студенти и сите други што формално и неформално стекнуваат знаења и вештини и се вклучени во нивно обезбедување. Во свет што е високо интегриран, такво треба да биде и образованието“, посочи Шаќири, додавајќи дека единствен начин да се приближи квалитетот на домашното образование до посакуваните стандарди е тоа темелно да се реформира.