И Спасовски потврди: Пасошите нема да важат по 12 февруари поради рокот на Преспанскиот договор

Пасошите нема да важат по 12-ти февруари поради рокот на Преспанскиот договор рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и додаде дека неколку пати досега министерството споделувало во јавноста дека личните карти важат и по 12 февруари, во интервју за ТВ21.



Владата не донесе одлука затоа што законот за личните карти не е променет. Тоа беше јасно од самиот почеток дека нема да има промена на личните документи. Ние неколку пати кажавме дека личните карти ќе важат и по 2 февруари, не заради тоа што се во домашна употреба, туку заради тоа што Законот не е изменет, во којшто се остава рок на важење на личните карти. Таков рок имаме во патните исправи затоа што директно е поврзано со склучувањето на Преспанскиот договор, односно ќе треба промена на патните исправи”, рече Спасовски.

Притоа, тој информираше за досегашните променети документи:

Можам да кажам дека имаме променето досега околу 1.210.000 патни исправи, повеќе од 1.100.000 лични документи и околу 544 илјади возачки дозволи”, рече Спасовски.