Со 7 гласа „за„ и 4 гласа „против“ Судскиот совет одлучи претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да не биде разрешена од функцијата, односно да се запре постапката.
Како што и претходно се наговестуваше, членот на Советот Миљазим Мустафа, ја повлекол иницијативата за нејзино разрешување.
Пресврт: Може да биде повлечена иницијативата за разрешување на Беса Адеми?
Мустафа ја обвинувапше Адеми дека со нејзиното неприсуство на седници ја нарушила работата на Судскиот совет, иако таа нема право на глас, бидејќи е член по функција.
Тој исто така бараше Адеми да каже од каде доаѓаат политичките притисоци врз Врховниот суд за да се прифати и легализира амнестијата на Ѓорге Иванов…
Мустафа пред гласањето ја напушти седницата, бидејќи како подносител кој на Адеми и се закани со затвор, немаше право да гласа.






