Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер и неговиот Институт за глобални промени ќе ја советуваат Бугарија во борбата против корупцијата, специјалните служби, воведувањето вештачка интелигенција во управувањето со државата и работата со граѓаните.
За ова во Давос се договориле поранешниот британски премиер и бугарскиот премиер Николај Денков, јавија бугарски медиуми.
Тони Блер активно соработува и со Украина, поддржувајќи ги реформите во државните институции.






