Личните карти со „Република Македонија“ чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година.
Според статистиката на МВР, во изминатите две ипол години се заменети над еден милион лични карти,1.169 463 пасоши и 529.799 возачки дозволи. Ако се има предвид дека замена на лична карта со новото име на државата чини 310 денари по редовна постапка, проценките се дека само од замената на документите за внатрешна употреба се слеале над пет милиони евра во буџетот, објхави Дојче веле.
Народниот правобранител, Насер Зибери и дел од партиите во повеќе наврати укажуваа дека трошоците за обновување на исправите за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, треба да ги сноси државата, потсетува ДВ.





