Авион на компанијата Визер вечерва околу 18 часот не успеал да слета во Скопје поради силен ветер на аеродромот Александар Велики.
Пилотот на авионот кој сообраќал на линијата Берлин – Скопје се обидел да слета на пистата во Петровец но откако на неколку метри од земјата во клунот на леталото удрил силен воздушен бран тој одлучил да го прекине слетувањето и повторно се кренал на небото на Скопје.
Во координација со контролата на летање на аеродромот, авионот е упатен кон Приштина каде што слетал во 20 часот и 27 минути.
Освен неколку уплашени патници сите останати се чувствуваат добро и во моментов се на пат кон Скопје со автобуси обезбедени од Визер.
Сите останати авиони кон Скопје денеска слетале без никаков проблем.





