Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во средата наутро кога автомобил удрил во наплатна рампа на автопатот А2 во Хрватска, извести загрепската полиција.



Неофицијално се дознава дека се работи за 21-годишен млад човек кој со брзина од 230 км/ч удрил во бетонска барикада, јави ХРТ.

На местото на несреќата нема траги од кочење. Полициската истрага е завршена.

Несреќата се случила околу 05:40 часот.