Министерството за правда е против позициите на владата за носење на закон со кој ќе се воведат санкции против лицата од Црната листа на САД.
Иако владата вчера во соопштение изјави дека има консензус меѓу сите министри за носење на ваков закон од Министерството за правда велат дека тоа не е точно.
Извори во министерството тврдат дека до владата е испратено опширно и детално објаснување зошто предлогот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска не е законски.
Според министерството за правда предлогот е противуставен и крши повеќе меѓународни документи кои Македонија ги има ратификувано и се дел од македонското законодавство.
Владата вчера испрати чудно соопштение за јавност
Бурлеска на денешната владина седница, владата изразила политичка воља






