Албанската опозиција од РМ на средби во САД: „Албанците ќе ја забрзаат ЕУ-интеграцијата, за да нема зони на кризи во Балканот“!

„Лидерите на опозицискиот Европски сојуз за промени Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, заедно Беким Ќоку, советникот на косовскиот премиерот Албин Курти за * Македонија, се сретнаа во Вашингтон со сенаторката Џони Ернст – сопретседателка на Групата за албански прашања на американскиот Сенат и претседателка на Комитетот на републиканците за политика во Сенатот.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ИНА пишува: Како што се наведува во соопштението на Европскиот сојуз за промени, на оваа средба „бил изразен јасниот став дека Албанците остануваат решени да ја продлабочат соработката со САД и ЕУ, како единствена можност, која обезбедува мир и стабилност во регионот“.

„Главна тема на разговорите беа забрзувањето и завршувањето на интеграцијата на земјата во ЕУ и геополитичките влијанија во регионот. Во овој период, кога продолжува обидот на Србија да го дестабилизира Косово, не треба да се остави простор ова да создаде зони на криза во Балканот, бидејќи тоа им служи на руско-српските интереси, кои не им сакаат добро на Албанците. Лидерите на Европскиот сојуз за промени ја уверија сенаторката Ернст дека оваа коалиција ќе биде најсериозниот и единствениот чинител, кој ќе овозможи интеграција на земјата во ЕУ. Со тоа ќе се ќе се промени ситуацијата, која е непроменета во последните дваесет години. Во наредните денови ќе продолжат и другите средби на челниците на Сојузот за европски промени со високи функционери во Вашингтон .“ – се наведува во споменатото соопштение на Европскиот сојуз за промени.