Путин отфла „мировни преговори“ за Украина

Откако Швајцарија се согласи да биде домаќин на глобалниот самит на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Путин ги отфрли „т.н. мировни формули“ за кои се разговараше на Запад и во Украина.



„Сега е сосема очигледно дека не само што (украинската) контраофанзива пропадна, туку и иницијативата е целосно во рацете на руските вооружени сили. Ако вака продолжи, украинската државност може да претрпи непоправлив, многу сериозен удар“.

Русија во моментов контролира 17,5% од територијата на Украина.

Путин рече дека предлогот за преговори е „обид да се мотивира (Русија) да се откаже од придобивките што ги постигна во изминатата година и половина“.

„Но, тоа е невозможно. Сите разбираат дека е невозможно“, рече тој.

Мировната формула презентирана од Зеленски, меѓу другите точки, повикува на обновување на територијалниот интегритет на Украина, прекин на непријателствата и повлекување на руските трупи.

Русија вели дека секој разговор ќе мора да ги земе предвид „новите реалности“ создадени од нејзините сили на теренот.